29 СЕПТЕМВРИ – ДЕН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА ЗАГУБАТА И ОТПАДОТ ОД ХРАНА
- септември 29, 2026
- 0
Храната е ресурс и треба да ја користиме одговорно.
Општина Карпош преку активностите во основните училишта и градинките поттикнува селекција и компостирање на органскиот отпад. Учениците учат како биоотпадот може да се претвори во компост, кој потоа се користи за раззеленување и уредување на училишните дворови.
Со мали чекори создаваме големи промени – за почист Карпош и поодржлива иднина.









