Храната е ресурс и треба да ја користиме одговорно. 
Општина Карпош преку активностите во основните училишта и градинките поттикнува селекција и компостирање на органскиот отпад. Учениците учат како биоотпадот може да се претвори во компост, кој потоа се користи за раззеленување и уредување на училишните дворови.

Со мали чекори создаваме големи промени – за почист Карпош и поодржлива иднина.
♻️ Да не фрламе. Да селектираме. Да компостираме.