25 ГОДИНИ СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА
- октомври 7, 2026
- 0
По повод одбележувањето на 25 години од постоењето на СОС Детско село Македонија, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на свечениот јубилеен настан. Настанот, под покровителство на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, беше посветен на мисијата, резултатите и значењето на СОС Детско село во изминатите 25 години, претставени преку песна, игра и уметничка програма.
Во рамки на настанот, градоначалникот Лукровски ја прими и јубилејната плакета доделена на Општина Карпош, како признание за успешната соработка и значајниот придонес во остварувањето на мисијата на СОС Детско село Македонија.
Честитки за 25 години посветена и успешна работа, грижа и поддршка за децата! Ниту едно дете да не расте само.









