Голем успех за младите таленти од Карпош! Вкупно 24 ученици од општинските основни училишта ООУ „Петар Поп Арсов“ и ООУ „Лазо Трповски“, под менторство на наставничката по физика Мирјана Патаракоска, учествуваа на 48. Републичка школа „Млади физичари“, освојувајќи дури 18 награди! 

На овој реномиран натпревар, ученици од основните училишта од целата држава ги покажаа своите знаења, вештини и љубов кон физиката, а младите карпошани се истакнаа со своите извонредни резултати.
 
Општина Карпош е горда на постигнувањата на нашите ученици, кои се потврда за нивната посветеност, љубопитност и труд, но и за значењето на квалитетното менторство и поддршката во образовниот процес.
 
Како локална самоуправа, продолжуваме да вложуваме во подобрување, модернизација и осовременување на условите во општинските основни училишта, создавајќи можности за развој на талентите и постигнување нови успеси на републичко и меѓународно ниво.
 
Честитки за учениците и нивната менторка! Продолжете да истражувате, да учите и да поместувате граници!