Надлежните служби во Карпош мапираа 13 локации на територија на Општината каде што има создадено отпад на јавни површини. Преку стратешки пристап и нивно мапирање, локалната самоуправа презема мерка за чистење на овие т.н. диви депонии.
Локалната самоуправа ги интензивираше инспекциските контроли, со тоа што десет службеници од урбаните заедници добија овластување за комунални редари, со цел да се санкционираат загадувачите на терен.
Врз основа на подготвената мапа, комуналните служби на Карпош се фокусираат на чистење на јавните површини, како и на комуникација со градските власти и јавни претпријатија, за „загрозените“ површини кои се во нивниот делокруг на работење.
Во прилог
Листа на создадени ѓубришта на следните локации
1/13 Исчистена е депонија во Бардовци
Повеќе информации на следниов линк