100 ДЕНА ОТЧЕТ
- февруари 27, 2026
- 0
Нема изговори. Има бројки. 📊
100 дена во Карпош не беа период на најави, туку на работа. 💼
Во овој период се врати редот таму каде што најмногу недостигаше – во јавниот простор, во комуналната хигиена и во инфраструктурата. Расчистени се диви депонии и отстранети над 3.500 кубни метри отпад од 15 микро локации ♻️, подигнати се над 100 паднати дрва, ослободени се повеќе од 150 паркинг места 🚗, а направени се над 50 интервенции на јавното осветлување 💡.
Паралелно започнаа инфраструктурни проекти 🏗️, инвестиции во училиштата 🎓 и поддршка за семејствата и ранливите категории 🤝.
Во сите 14 урбани заедници се одржаа средби со граѓаните и беше воведен граѓански буџет 📍.
Ова се првите 100 дена. Темелите се поставени. Карпош продолжува напред. 💪🚀









