Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањето на 100-годишниот јубилеј од основањето на Природонаучниот музеј на Република Северна Македонија – Скопје.

 По повод овој значаен јубилеј, Општина Карпош доби плакета како признание за соработката и поддршката во афирмацијата на културата, науката и природното наследство.
 Овој значаен настан претставува потврда за важноста на зачувувањето и промовирањето на природното богатство, како и заедничката заложба за негово приближување до идните генерации.
Општина Карпош и понатаму ќе продолжи да ја поддржува соработката со институциите кои придонесуваат за развојот на науката, културата и образованието.