Ј А В Е Н П О В И К За доделување на еднократна финансиска поддршка од областа на образованието за 2025 година.
- јануари 10, 2025
- 0
- Право на пријавување
Право на пријавување имаат лица кои се занимаваат со активности од областа на образованието жители на Општина Карпош или вработени наставници во основните училишта на територија на Општина Карпош кои придонесуваат за развој на образованието во општината и пошироко.
Средствата ќе бидат наменети за ученици и наставници кои се должни во барањето да ги наведат причините и намената за кои бараат средства. Оваа еднократна финансиска поддршка ќе биде наменета за:
- Поддршка за ученици и наставници за учество на меѓународни натпревари;
- Поддршка на ученици и наставници ментори кои освоиле прво место на државен акредитиран натпревар;
- Поддршка на наставници кои учествуваат како предавачи на стручни симпозиуми и конференции од областа на образованието;
- Поддршка на наставници-фацилитатори и др.ангажирани лица во Канцеларијата за родителство на Општина Карпош;
- Друг вид на барања од областа на образованието ;
- Потребни документи и услови за учество
- Лична карта во фотокопија од лицето (ученик, родител, наставник , ментор и др.)
- Финансиски план за потребните средства со точна пресметка (покана за учество, известување од организатоорот на настанот за висината на котизацијата, доказ за учество како предавач (агенда), пресметка за висината на патните трошоци (билети), приложени диипломи/сертификати и сл.)
- Потврда од Училиштето/Здружението за потребите и настанот
- Висина на финансиската поддршка и рангирање
Поднесените барања со комплетна документација ги разгледува Комисијата за еднократна финансиска поддршка од областа на образованието, формирана од Градоначалникот, која ја одредува висината на финансиската поддршка која неможе да биде повисока од 30.000,00денари. Доколку ученикот/наставникот е добитник на повеќе први места, се врши исплата за еден од натпреварите.
- Начин на пријавување
Документите можат да се достават по пошта на ул. „ Радика “ бр. 9 – Скопје или во Архивата на Општина Карпош, барака бр. 2, со ознака „ Не отворај “ и со назнака „ За еднократна финансиска поддршка од областа на образованието за 2025 година.
- Рок за поднесување на документите
Огласот временски не е ограничен и важи до исцрпување на финансиските средства, но проектите да бидат реализирани најдоцна до 31.12.2025 година.
Некомплетните документи нема да бидат разгледувани.
ОПШТИНА КАРПОШ
Комисија за реализирање на програмски активности на
Општина Карпош од областа на образованието за
2025 година