ЈАКИМОВСКИ ДАРУВАШЕ КРВ НА ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА
- септември 13, 2022
- 0
На покана од Амбасадата на САД во Скопје, денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски се приклучи кон хуманитарната акција која се одржа по повод настаните од 11 Септември 2001, насловена како Национален ден на служба и сеќавање. Во таа насока, првиот човек на локалната самоуправа од Карпош даруваше крв, како дел од крводарителската акција која ја организираше Американската Амбасада во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина.
Во рамки на денешниот настан беа собрани донации кои треба да му помогнат на Црвениот Крст да ги надополни залихите на крв, како и да обезбеди храна и други средства за семејствата во социјален ризик за претстојниот зимски период. На церемонијалната средба, градоначалникот Јакимовски се сретна и разговараше со заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје, господинот Ерик Мејер.