На покана од збратимената Општина Тиват, тричлена делегација од Општина Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски кој воедно е и почесен граѓанин на Тиват, деновиве присуствува на манифестацијата за одбележување на Деновите на оваа црногорска локална самоуправа.

Имено, претставниците од Карпош беа дел од утринската церемонијата во чија пригода градоначалникот на Тиват, Жељко Комненовиќ, го предаде црногорското знаме на одредот на Бокељската морнарица, по повод одбележување на 21. ноември, односно денот кога се ослободени градовите Тиват и Котор. Притоа, беше изведен и традиционален танц стар 12 векови, со кој симболично Бокељската морнарица ги заштитува домаќините и нивните гости.

Оттука, се очекува општинската делегација од Карпош да присуствува и на Свечената седница на Општина Тиват, која треба да започне во 11 часот претпладне.