По повод одбележување на Денот на општина Стари Град – Сараево, од 3 до 5 мај  тричлена делегација предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски присуствуваше на свечената седница на оваа босанска локална самоуправа. Во таа насока, беа разменети подароци помеѓу градоначалникот на општина Стари Град, Ирфан Ченгиќ и градоначалникот Стевчо Јакимовски, и претставници на пријателски градови и општини, со што дополнително се потврди соработката, пријателството и меѓусебната поддршка. Градоначалникот на општина Стари Град, Ирфан Ченгиќ, им се заблагодари на гостите за нивното доаѓање, нагласувајќи ја важноста на меѓународната и меѓуградската соработка за развојот на заедницата и рече дека општина Стари Град ќе продолжи да ги негува односите со пријателските локални заедници .