По повод одбележување на Денови на Општина Карпош, денеска, градоначалникот Стевчо Јакимовски ги посети корисниците кои престојуваат во Домот за стари лица ,,Мајка Тереза” . Во организација на Одделението за социјална и детска заштита, традиционално првиот човек на Општината им подели пригодни пакети на граѓаните од третото доба, на кои во разговор ги потсети дека треба да внимаваат на себе и нивното здравје, а дека тоа најдобро го прават луѓето кои во Домот се грижат за нив.

            -И оваа година заедно ги започнуваме традиционалните Денови на Општина Карпош, по повод 48-годишното постоење од нашата Општина. Вие сте нашите најстари карпошани за кои треба да се грижиме. Бидете живи и здрави и чувајте се – заврши Јакимовски.

            Имено, во рамки на денешниот настан, старите лица ги посетија и волонтерите од Невладината организација ,,Такт”, кои преку пилот проект одржаа работилници кои се од суштинско значење за зачувување на традицијата и културното наследство, како и поддршка на старите лица за подобрување на квалитетот на нивниот живот.