ЈАВНИ ПОВИЦИ 2026

Почитувани, тука можете да ги погледнете Јавните повици за  2026 година

 

📍Јавен оглас за Финансиска поддршка за спортско рекреативни и здравствени проекти за физички и правни лица од Општина Карпош (објавен 02.02.2026) 
 
 
📍ЈАВЕН ОГЛАС за Еднократна парична помош за проекти од културата  (објавен 02.02.2026) 
📍ЈАВЕН ОГЛАС за Еднократна парична помош за културни активности на млади уметници  (објавен 02.02.2026) 
 

📍 ЈАВЕН ПОВИК за реализација на програмските активности од годишната Програма за активностите на Општина Карпош

       во областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош (објавен 04.02.2026) 

👉 https://shorturl.at/gCvKE 

 

📍 ЈАВЕН ПОВИК за избор на авто школи за обука на кандидати за теоретски и практичен дел кај млади лица од Општина Карпош

👉  https://shorturl.at/JIAbQ 

 

📍 ЈАВЕН ПОВИК за доделување финансиска подршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради  за  колективно  домување  и  замена  на  азбестни  кровни  покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош

👉  https://shorturl.at/bVEoo   

Апликација   👉 https://shorturl.at/Afg95  

 

📍 JАВЕН ПОВИК за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови лифтови на станбени згради за колективно домување во Општина Карпош

👉 https://shorturl.at/14QMN 

Апликација  👉  https://shorturl.at/FqAeW 

 

 

📍 ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на Здружение за заштита на животни за стерилизација и кастрација на мачки и мачори
 
Линк до повикот👉  https://shorturl.at/HU4Fm
 
 
ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на заинтересирани лица за членување во Совет за поддршка на женското претприемништво на Општина Карпош
Линк до повикот 👉 https://tinyurl.com/4z38knvx
 
ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на млади лица од Општина Карпош за посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање на возачка дозвола Б категорија од Општина Карпош
 

Повеќе инфо на следниов линк ->    ЈАВЕН ПОВИК

ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ТЕРМИНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКАТА САЛА „НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“ –  ПАРТИЗАН, СКОПЈЕ

ЈАВЕН ПОВИК за користење на Сала повеќенаменска,–  дел од спортската сала „Наум Наумовски Борче“ –  Партизан, Скопје

ЈАВЕН ПОВИК за користење на Мала сала – дел од спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје

ЈАВЕН ПОВИК за користење на Хол за пинг понг – дел од спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, Скопје

 

ЈАВЕН ОГЛАС за одобрување субвенции на жителите на Општина Карпош за купување на нови велосипеди, трицикли и карго велосипеди

 

 

БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ ПО ФИТНЕС И САМООДБРАНА ЗА МАЖИ И ЖЕНИ

Од идната среда (1 април) во општина Карпош стартува реализацијата на проектот „Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“. Овој проект е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2026 година, а реализатор на активноста е полицискиот боречки клуб „Безбедност“ од Скопје.

Тренинзите ќе ги води искусен тим од стручни кадри, предводен од д-р Страшо Глигоров, доктор на науки од областа на кинезиологија и проф. д-р Јонче Ивановски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје. Програмата е осмислена на начин да им овозможи на учесниците не само физичка кондиција, туку и практични знаења за лична безбедност и самоконтрола.

Во рамки на овој проект, покрај трензините во спортската сала, предвидени се и активности на отворено: четири тренинзи на Кејот на реката Вардар и во Градскиот парк, како и четири спортско-рекреативни искачувања на планината Водно.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала на ООУ „Петар Поп Арсов“ двапати неделно – секој понеделник и среда од 21 до 22 часот.

Пријавувањето започнува од денеска (24 март) на следниов телефонски број 070/274-813.

 

БЕСПЛАТНИ АНОНИМНИ ГРУПИ ЗА ЖЕНИ ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Општина Карпош во соработка со лиценциран психолог/гешталт психотерапевт, м-р Тиана Ивановска, од следниот месец организира бесплатни анонимни групи за поддршка на жени жртви на семејно насилство (физичко, вербално, психолошко, емоционално, социјално и економско насилство).

Проектот ќе ги опфати сите засегнати жени жртви на семејно насилство кои се жителки на Карпош.

Заинтересираните ќе може да се јават на 071/771-420 и на 075/431-572 да го резервираат своето место во групата.

Сесиите ќе се одржуваат два пати во месецот започнувајќи од месец април.

 

БЕСПЛАТНИ ЕХО-ПРЕГЛЕДИ НА ДОЈКИ ЗА ДЕВОЈКИ И ЖЕНИ ОД КАРПОШ

Во насока на подобрување на женското здравје, Општина Карпош во соработка со ординацијата по гинекологија и акушерство ПЗУ „Св. Алексеј“ – Скопје, од идната среда (01.04.2026), организира бесплатни ехографски прегледи на дојки за жени до 45 годишна возраст. Станува збор за проект кој финансиски го поддржува локалната самоуправа, а истиот се реализира преку Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2026 година. Со оваа проектна активност Општината има за цел да ја подигне свеста за женското здравје, преку бесплатни  превентивни прегледи кои ќе се одржуваат во ПЗУ „Св. Алексеј“, која функционира во рамки на ЈЗУ Поликлиника Букурешт (Карпош 3).

                Во тој поглед, заинтересираните карпошанки можат да го закажат бесплатниот медицински преглед и да добијат повеќе информации, започнувајќи од денеска, среда (25.03.2026) година, на телефонскиот број 071 243 400.  

На пациентките кои ќе направат бесплатен ехографски преглед на дојка, ПЗУ „Св. Алексеј“ ќе им понуди и 15% попуст за комплетен гинеколошки преглед. Инаку, Проектот се фокусира на едукација на женската популација за здравјето на дојките, промоција и рано откривање на болести како што е ракот на дојка. На овој начин се зајакнува заедницата преку стручна едукација, при што се поттикнува и акција за преземање на здравствени мерки и се актуелизираат дискусиите за свесноста на женското здравје.  

ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ЗА ОНКОЛОШКИ ПАЦИЕНТИ ОД ОПШТИНА КАРПОШ

Општина Карпош започнува со реализација на проект за психолошка поддршка на онколошки пациенти со цел да им обезбеди бесплатна, стручна и континуирана поддршка на пациентите, жени и мажи, преку организирање на групни терапевтски средби.

Во период од 9 месеци, со почеток од април 2026 година, ќе се реализираат групни сесии во кои учесниците ќе добијат:

  • Безбеден простор за споделување
  • Емоционална поддршка
  • Техники за справување со стрес и анксиозност
  • Чувство на заедница и разбирање.

Главната цел на овој проект кој е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за оваа година, е подобрување на менталната благосостојба, намалување на анкзиозноста и зајакнување на психолошката отпорност и емоционалната стабилност кај учесниците.

Средбите ќе бидат реализирани од стручен тим предводен од лиценциран психолог Тамара Стојчевска.

Сите заинтересирани граѓани може да се пријават на тел.број 076/439-663

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ВО ФОРМИРАЊЕ НА РЕСУРСЕН ЦЕНТАР

Општина Карпош, врз основа на своите надлежности и стратешки определби за унапредување на соработката со граѓанскиот сектор, објавува Јавен повик за изразување интерес од страна на граѓанските организации за вклучување во процесот на формирање и функционирање на Ресурсен центар
 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ВО ФОРМИРАЊЕ НА РЕСУРСЕН ЦЕНТАР 👉 https://shorturl.at/ziUtj
 
П Р И Ј А В А за вклучување во Ресурсен центар – Карпош
 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ИЛИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИ КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР – КАРПОШ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ИЛИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИ КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР – КАРПОШ
 
П Р И Ј А В А за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот центар Карпош 👉 https://shorturl.at/uKYDy
 

БЕСПЛАТНИ ОБУКИ ВО ОБЛАСТА НА ДИГИТАЛНАТА ПИСМЕНОСТ И ЕКОНОМСКА ИНВОЛВИРАНОСТ ЗА КАРПОШАНИ

Општина Карпош во соработка со аутсорсинг компанијата Таск-ХРС, од 14.04.2026 година, ќе започне со реализација на  бесплатни обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, како проект од годишната програма за еднакви можности меѓу жените и мажите.

 Следење на обуките ќе опфати три категории и тоа постарите жители на Карпош, лицата во социјален ризик и лица од маргинализирани групи.

                Имено, обуките ќе се одржуваат секој вторник во просториите на ООУ ,,Јан Амос Коменски” , со почеток од 18 часот и еден час ќе трае 90 минути по сесија. Предавањата се распоредени во вкупно 12 недели, а заинтересираните граѓани, претходно своето присуство потребно е да го најават на телефонскиот број   071/376-080.

                Оваа иницијатива ќе им помогне на повозрасните граѓани, како и на лицата од социјален ризик и маргинализираните групи граѓани, полесно да зачекорат во дигиталниот свет, односно да стекнат вештини за примена на паметните телефони, како и користење на услугите како што се електронското банкарство, комуникациски апликации, социјалните мрежи итн. Во рамки на обуката ќе се говори и за основите за користење на електронските уреди, безбедното пребарување на интернет мрежата како и користење на електронската пошта, користење на јавни електронски услуги, дигитална економија и можности за дополнителни приходи.