Јавните претпријатија на Град Скопје со незапаметен однос кон карпошани: Кантите се празнат на 10 дена, наместо 2 пати неделно
- јануари 29, 2025
- 0
Општина Карпош и градоначалникот дадоа целосна поддршка за ЈП Паркови и зеленило И ЈП Комунална хигиена да влезат во целосна трансформација во надлежност на општините, но претседателот на ЗЕЛС и Владата од непознати причини застанаа со спроведување на идејата. За информација на граѓаните, во моментот немаме никаква комуникација со ниту едно јавно претпријатие од Градот Скопје. Ваквиот однос на јавните претпријатија е незапаметен од основањето на општината до денес. За жал, писма со ваква содржина добиваме секојдневно:
„Почитуван Градоначалнику добар ден. Во последно време имаме проблем со собирањето на отпадот, односно празненњето на кантите, а имено се празнат еднаш на 10 дена наместо како што е предвидено 2 пати неделно. За ние што можеме не ни е проблем да ги однесеме кесите до големи контејнери, но проблем е за постари луѓе. Покрај ова да не го заборавиме и проблемот со собираење на мачки и кучиња (глувци сеа за сеа немам видено) кои ги распарталуваат кесите што не ги собира во кантите и го разнесуваат ѓубрето по улици. Незнам дали ова е обврска на општинта или градот, ама како совесен и одговорен градоначалник на општината, кој се грижи за нејзино целосно фунционирање убеден сум дека ќе најдете решение за надминување на оваа ситуација. Со почит, Јане Адамчески, ул. Милан Марковиќ 48.“