Согласно Програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година, се доделува парична помош за секое новородено- посвоено дете на територијата на Општина Карпош доколку се исполнети следниве критериуми:

 

  1. Критериуми

 

  • Родителите на новороденото/ посвоеното дете да се жители на Општина Карпош (еден од родителите да е жител на Општина Карпош најмалку 3 години),што се утврдува со документ за лична идентификација
  • На денот на поднесување на Барањето, новороденчето/посвоеното дете да не е постаро од 90 дена
  • Доколку и двајцата родители се вработени вкупните приходи да не бидат повисоки од 60.000,00 , а доколку едниот или двајцата родители се невработени тоа се докажува со потврда од Агенцијата за вработување на РСМ.

 

 

  1. Потребни документи

 

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање.

 

 

 

 

III. Висина на финансиката поддршка

 

Висината на паричната помош е во износ од 8.000,оо денари еднократно, за секое новородено-посвоено дете согласно утврдените критериуми.

 

  1. Начин на пријавување

 

Комплетните документи може да се поднесат во архивата на Општина Карпош на Ул. ,, Радика ‘‘ бр. 9 , барака 2.

 

  1. V. Повикот не е временски ограничен и трае до исцрпување на финансиските средства, но најдоцна до 31.12.2025 година

 

Линк до огласот