ЈАВЕН ПОВИК За доделување на еднократна парична помош по повод 3-ти Декември – Денот на лицата со попреченост
- ноември 19, 2025
- 0
ЈАВЕН ПОВИК
За доделување на еднократна парична помош по повод
3-ти Декември – Денот на лицата со попреченост
Согласно Програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година, се објавува јавен повик за доделување на еднократна парична помош по повод 3-ти Декември – Денот на лицата со попреченост
- I. Право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост , жители на Општина Карпош
- Потребни документи
За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:
-лична карта ( подносителот да е жител на Општина Карпош )
-трансакциска сметка ( на име на подносителот на барањето)
-наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост
III. Висина на финансиската поддршка
Висината на еднократната парична помош изнесува 5.000,оо денари
- Начин на пријавување
Комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош .Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 6. . Одбележување на 3-ти Декември – Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година.
- V. Повикот е временски ограничен и трае од 19.11.2025 година до 27.11.2025 година
Во прилог БАРАЊЕ за доделување на еднократна парична помош (ЛИНК)









