Јавен повик за доделување на Еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација
- јуни 2, 2025
- 0
Јавен повик за доделување на Еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација
- Право на пријавување
Право на пријавување имаат сите заинтересирани спортисти и рекреативци жители на Општина Карпош кои имаат 13 години (или што ќе полнат во годината кога е објавен јавниот повик) до 18 години (односно да немаат 18 години во текот на годината кога е објавен јавниот повик.
Спортистите и рекреативците се должни во барањето да ги наведат причините, намената за кои ги барат средствата со финансиска конструкција и спецификација.
- Потребни документи, критериуми и услови за учество
- Спортистот да достави спортска легитимација дека најмалку три години е активен спортист, регистриран за клуб и континуирано учествувал во национален систем на натпревари.
- Спортистот да има официјално рангирање во националното спортско првенство во последната натпреварувачката сезона.
- Спортските резултати на спортистот да бидат реализирани во натпреварување со најмалку пет клуба во националното првенство. Да се достави учество на клубовите и официјална табела од постигнатите резултати со време или бодови.
- За спортисти од колективни спортови да достават доказ (копија од записник) дека во најмалку пет натпревари во натпреварувачката сезона го започнале натпреварот во почетната (стартната) постава во тимот за кој настапуваат.
- Спортистот постигнатите спортски резултат, да ги потврди со официјален документ издаден од страна на матичната национална спортска федерација
- Спортистот да достави детална програма за натпреварувачка сезона 2025 со покана за турнири, со дати на одржување на спортските настани, финансиска конструкција и друго или доколку веќе бил на меѓународен турнир – натпревар да достави финансиски сметки.
- Спортист, физичко или правно лице на кое му биле одобрени и исплатени финансиски средства од Општина Карпош во претходната година, задолжително со барањето треба да достави извештај за активностите и финансов извештај со фискални сметки или фактури.
- За проекти од спортот и рекреација, опис на проектот и организација на рекреативни спортски настани (доколку има да се достават и досегашни организирани спортски настани).
- Висина на финансиската поддршка и рангирање
Во зависност од приложените документи, финансиската поддршка комисијата ќе ја доделува најмногу до 30.000,00 денари и ќе се одобрува еднаш годишно според претходно изготвен правилник за оваа намена кој ќе биде објавен во прилог на овој оглас.
- Начин на пријавување
Документите можат да се достават по пошта на ул. Радика бр.9 – Скопје или во Архивата на Општина Карпош, барака бр.2.
- Рок за поднесување на документите
Огласот трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, но со услов одобрените средства да бидат реализирани најдоцна до 30.11.2025 година.
ОПШТИНА КАРПОШ