ЈАВЕН ПОВИК За доделување на еднократна парична помош за лица/семејства во социјален ризик, лекување и елементарна непогода
- јануари 2, 2025
- 0
Согласно Програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2025 година, се објавува јавен повик за еднократен паричен надомест за:
-Лица/ семејства во состојба на социјален ризик
– Лекување
– Елементарна непогода ( поплава, пожар )
- I. Право на остварување на еднократна парична помош имаат лица/ семејства жители на Општина Карпош (се докажува со лична карта )
- Потребни документи
За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање.
III. Висина на финансиката поддршка
Поднесените барања со комплетна документација ги разгледува Комисијата за доделување на еднократна парична помош формирана од Градоначалникот и врз основа на документите и направениот увид во домот на подносителот на барањето , ја одредува висината на еднократната парична помош , која неможе да биде повисока од 30.000,оо денари, а се доделува еднаш во годината.
- Начин на пријавување
Комплетните документи може да се поднесат во архивата на Општина Карпош на Ул. ,, Радика ‘‘ бр. 9 , барака 2.
- V. Повикот не е временски ограничен и трае до исцрпување на финансиските средства, но најдоцна до 31.12.2025 година