ЈАВЕН ПОВИК

за доделување на еднократна парична помош по повод

3-ти Декември – Денот на лицата со попреченост под мотото

 „Сите сме исти , сподели среќа “

 

Согласно Програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2024 година, се објавува јавен повик за доделување на еднократна парична помош по повод 3-ти Декември – Денот на лицата со попреченост под мотото „Сите сме исти , сподели среќа “

 

  1. I. Право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост, жители на Општина Карпош
  2. Потребни документи

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:

-лична карта ( подносителот да е жител на Општина Карпош )

-трансакциска сметка

-наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби

 

III. Висина на финансиката поддршка

 

Висината на еднократната парична помош изнесува 5 000,оо денари

 

  1. Начин на пријавување

 

Комплетните документи може да се поднесат во архивата на Општина Карпош на Ул. ,, Радика ‘‘ бр. 9 , барака 2.

 

  1. V. Повикот е временски ограничен и трае од 11.11.2024 година до 25.11.2024 година