ЈАВЕН ОГЛАС за доделување на пластични канти од 120 литри засобирање на мешан комунален отпад, за домаќинствата кои живеат на територија на Карпош
- мај 27, 2025
- 0
ЈАВЕН ОГЛАС
за доделување на пластични канти од 120 литри за доделување на пластични канти од 120 литри за собирање на мешан комунален отпад, за домаќинствата кои живеат на територија на Карпош
- Право на пријавување
Право на пријавување имаат сите заинтересирани физички лица кои се жители на Општина Карпош.
- Потребни документи и услови за учество физички лица
- Пополнето Барање (достапно во Архивата на Општина Карпош и електронски преку веб – страната на Општина Карпош);
- Копија од последна сметка за вода;
- Лична карта (на увид).
- Критериуми за доделување на пластични канти од 120 литри за доделување на пластични канти од 120 литри за собирање на мешан комунален отпад, за домаќинствата кои живеат на територија на Карпош
- Физичкото лице треба да е жител на Општина Карпош;
- Да има иста адреса на живеење како на сметката за вода;
- Секое домаќинство може да добие по една канта;
- Кантите ќе се доделуваат по принципот „Прв дојден прв услужен“.
- Начин на пријавување
Граѓаните на Општина Карпош може да го подигнат Барањето за пријавување на јавниот оглас во Архивата на Општина Карпош.
Пополнетите Барање заедно со целокупната документација треба да се достави во Архивата на Општина Карпош, ул. „Радика“ бр. 9, барака 2, работно време од 07:30 до 15:30 часот.
По поднесувањето на документите и разгледување од страна на Комисијата, подносителите ќе бидат известени за понатамошно подигање на пластичните канти.
Пријавите со непотполна документација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.
- Рок за поднесување на документи
Повикот ќе биде отворен до искористување на количините на вкупниот број од 800 канти, а ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“.
За дополнителни информации граѓаните може да се обратат кај Емилија Попагиновска, на тел. број 072 265 559.