1. Право на пријавување

Право на пријавување имаат сите правни и физички лица кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на културата во општината.

  1. Потребни документи и услови за учество

Физички лица:

  1. Лична карта во фотокопија,
  2. Изработен проект и
  3. Финансиски план на проектот.

Правни лица:

  1. Тековна состојба издадена од централен регистар, не постара од 6 (шест) месеци.
  2. Изработен проект и
  3. Финансиски план на проектот.
  • Критериуми за доделување на финансиска поддршка
  • Проектите да се атрактивни, популарни и од посебен интерес за граѓаните на општината и истите да бидат реализирани на територија  на Општина Карпош.
  • Биографија на подносителот (досегашни домашни и меѓународни настапи, признанија и награди доколку има).
  • Подносителите за изработка на муралите, скулптурите и графитите да поднесат изработен проект со идејно решение за изгледот, предлог содржина, материјалите за изработка, квадратурата и цената.
  1. Висина на финансиската поддршка и рангирање

Вкупната предвидена финансиска рамка која е обезбедена од општината за ,,Мурал или скулптура и графити за секое маало” е во висина од 1.000.000,00 денари.

Комисијата е должна доставената документација претходно да ја провери,  подготви мислење и истото да го достави до Градоначалниот.

  1. Начин на пријавување

Документите да се достават во Архивата на Општина Карпош (во затворен плик), со ознака „Не отворај“ и со назнака ,,Мурал или скулптура и графити за секое маало”.

  1. Рок за поднесување на документите

Огласот трае од денот на објавување 09.04.2026 година  до 30.04.2026 година,  со услов одобрените средства да бидат реализирани најдоцна до 30.11.2026 година.

Условите, начинот, критериумите и постапката за распределување на финансиската поддршка ќе се уреди со претходно изготвен правилник за оваа намена.

Некомплетните документи нема да бидат разгледувани.