ШАРЕНИ СТОЛПЧИЊА ПРЕД ООУ „ВЕРА ЦИРИВИРИ – ТРЕНА”
- јуни 8, 2018
- 0
Инспирирани од идејата на корисниците на социјалните мрежи, учениците од основното училиште „Вера Циривири – Трена” го искористија последниот училишен ден за да ги бојадисаат столпчињата на тротоарот долж нивното училиште, со различни мотиви, симболи и цртежи.
Целта на оваа иницијатива е да се разубави просторот околу училишниот двор, но исто така претставува одлична можност, учениците да ги изразат своите ликовни вештини и креативност. Градоначалникот Стефан Богоев ја поздрави оваа акција и на учениците и им посака пријатен летен распуст.