На денешниот работен состанок, кој се одржа во лабораторијата по хемија во ООУ ,,Јан Амос Коменски”, Креативниот центар Карпош додели сетови за експериментирање по хемија за учениците од осмо и деветто одделение.  Сетовите имаат намена значително да го подобрат искуственото учење по наставниот предмет и да ги подобрат нивните лабораториски вештини. Експерименталните сетови се финансирани од Програмата за финансиска поддршка за проекти од образованието, односно од Програмата за активности во дејноста на образованието за 2023 година.

На оваа средба, присуствуваше и градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој имаше за задача да го направи својот експеримент со одбран хемиски состав, кој беше успешен. Во рамки на состанокот, присуствуваа и Раководителката на одделението за образование, Емилија Арсовска, претседателот на КЦК, Александра Блажевска и професор д-р Зоран Поповски, како и професорот Методија Најдовски, кој беше виновен за подготвувањето на хемиските сетови. Исто така, дел од денешниот работен состанок беа и одговорните предметни наставници по хемија од училиштата во Карпош.