Во насока на целосна транспарентност, отчетност и отворена комуникација со жителите на Карпош, Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски јавно ги објави финансиските податоци за работењето на општината во месец мај 2022 година.

Во објавениот документ кој се однесува на исплатените обврски кон добавувачи детално е наведено каде се потрошени парите на граѓаните во наведениот период. Истовремено, објавени се и приходите на општината за овој месец како и споредбено за првите пет месеци од 2021 година и 2022 година.

Од извештајот за финансиското работење на општината може да се увиди дека во мај е остварен приход од 50,949,350 денари, а обврските кон добавувачите за истиот период изнесувале 53,011,412 денари.

Во споредба со приходите од мај минатата година приходите се зголемени за

5,215,347 денари.

За првите пет месеци од 2022 година остварен е приход од 206,275,321 денари, додека во истиот период лани остварен е приход од 196,233,075 денари.

 

Приходи мај 2022

Расходи мај 2022

Приходи споредба