Деветоодделенката Михаела Карадимче од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ го освои првото место на државниот натпревар по хемија, кој се одржа на 31 мај на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје Предводена од својот ментор, наставникот по хемија Даниел Николовски, Михаела успеа да ги покаже своите знаења и вештини на највисоко ниво, надминувајќи ги сите предизвици и силната конкуренција.

 

Овој значаен резултат е плод на нејзината посветеност, труд и љубов кон науката. Постигнатиот успех на државно ниво  говори за  извонредната заложба на основката и нејзиниот ментор, кои во најдобро светло го претставија своето училиште како и општина Карпош, која наметна високи стандарди во областа на образованието на своја територија.