Вчера, раководителот на Одделението за енергетска ефикасност при Општина Карпош Љупчо Димов,м им одржа  предавање  за „ зелена енергија“ на  средношколците од  „ НОВА“. Презентирајќи им ги бенефитите од  „ соларното дрво“, кое неодамна беше поставено на кејот на  реката Вардар, во близина на Алпинистичката карпа, раководителот Димов, нагласи дека  ова „ дрво“ всушност работи  исклучиво и целосно на обновлива сончева енергија. Учениците беа  запознати со начинот на кој е  направена конструкцијата, односно им беше нагласено дека соларниот постамент има моќност од два киловати. На  „ соларното дрво“ , може да се полнат електронски уреди како: мобилни телефони, лаптопи, електрични   тротинети и др.

 

Оваа инвестиција, која е прва во нашата држава, е  добиена од проект финансисран од страна на  Германското друштво за меѓународна соработка GIZ. Освен  „ соларното  дрво“, преку овој проект, Општина Карпош  доби и шест електрични тротинети, кои ќе бидат употребувани од  општинската администрација за тековни потреби како  ефикасни средства за пократки релации.