Четврток 24 октомври, Дирекцијата за заштита и спасување, ќе започне со теоретски обуки за заштита и спасување и тоа овој пат на учениците. Почетокот на обуките ќе биде во ООУ Братство а потоа, утредента, на 25 октомври ќе се обучуваат од ООУ Војдан Чернодрински. Практичниот дел од обуката ќе го изведува  тимот од одделението за заштита и спасување при Општина Карпош во соработка со одделението за образование, и тоа на 28 октомври во ООУ Братство, а на 29 октомври практичните вежби ќе бидат во ООУ Војдан Чернодрински. Со обуката ќе бидат опфатени  сите основни училишта во Општина Карпош.