Претставници на мобилната организација Paddle Klub во понеделникот одржаа едукативна презентација во рамки на ООУ „Јан Амос Коменски“, на која присуствуваа основците од петто до деветто одделение. Имено, учениците од „Коменски“ се запознаа со техниките на возење со веслање на вода или т.н бордирање со веслање, којашто е релативно нова спортска активност во нашата земја. На овој начин стручните лица од Paddle Klub кој патем е единствениот регистриран „SUP“ клуб во нашата држава, ги разбудија љубопитноста и авантуристички дух на младите карпошани.

 

Инаку, Paddle Klub нуди различни SUP курсеви, тури и експедиции ширум нашата татковина, која изобилува со планински и глечерски езера, реки и водопади, како и 15 вештачки и три природни езера, кои нудат одлични услови за веслачите. Овој прилично нов спорт е одличен начин да се доближат луѓето до природата, да се оддалечат од секојдневниот брз живот, во друштво на луѓе коишто преку спортот сакаат да ги истражат природните убавини кои ги нуди Македонија.