УЧЕНИЦИТЕ ОД КАРПОШ УЧАТ КАКО СЕ САКА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА
- февруари 20, 2020
- 0
Преку проект кој се развива во рамките на Секторот за животна средина, ученици од пет основни училишта од Карпош „Војдан Чернодрински“, „Јан Амос Коменски“, „Лазо Трповски“, „Христијан Тодоровски-Карпош“ и „Вера Циривири-Трена“ беа дел од едукативни работилници од областа на екологијата.
Повеќе од 200 деца ја пренесуваат пораката помеѓу соучениците за тоа кои се последиците од несовесното однесување кон животната средина, за тоа што е е-отпад и човекот, како фактор за заштита на природата. Работилниците вклучуваат теоретско но, и практично демонстрирање на неможноста еднаш уништената природа да се врати назад. Тие интензивно се едуцираат за постоењето на е-отпад и како е потребно да се постапува со истиот.
Преку мотото на НВО ,,Зелена планета 7“, учениците ја праќаат пораката до сите карпошани: Кога можат децата, најмалите, на возрасните останува да се нивниот позитивен пример, затоа што сите „НИЕ ЈА САКАМЕ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“ (WE LOVE THE EARTH).