Фудбалерите од ООУ „Аврам Писевски“ – општина Карпош, денеска го освоија првото место на Државното првенство во футсал, кое се одржа од 18-20 февруари, во Вевчани. Во конкуренција од 360 основни училишта, младите карпошани со својата пожртвуваност и  дисциплинирана игра, успеаја да го подигнат победничкиот пехар, впишувајќи се во Македонската спортската историја.

 

Основците од ООУ „Димо Хаџи Димов“– општина Карпош, го освоија петтото место, со што изборија пласман во најдобрите шест училишни екипи во Македонија. Училишните спортски игри се одвиваа во организација на  Федерацијата на училишен спорт на Македонија и ООУ “Страшо Пинџур“ – Вевчани, како домаќин на ова првенство.