Советот на Општина Карпош заседаваше по 73-ти пат, во чии рамки беа разгледувани 10 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците расправаа и воедно ги усвоија сите Заклучоци поврзани со Годишните програми за 2025/2026 година, кои се однесуваат на работата на десетте основни училишта кои функционираат на територија на локалната самоуправа. Инаку, секоја година во овој период, училиштата согласно Законот за основно образование ги доставуваат своите Годишни програми за работа до нивниот основач, односно до Општина Карпош.