Градоначалникот Сотир Лукровски и претставниците од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, денеска остварија работна средба со министерот без ресор, д-р Шабан Салиу, којшто е задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 година. Во рамки на координативниот состанок кој се одржа во просториите на Владата на РСМ, присутните разговараа за промовирање на учеството на ромската заедница во сите фази на креирање политики на локално ниво.

Во тој контекст, претставниците од Општина Карпош го информираа министерот Салиу за активностите кои ги презема локалната самоуправа во насока на подобрување на статусот на Ромите. На денешната средба се разговараше за решавање на комуналните и инфраструктурни проблеми, со посебен акцент на жителите од населеното место Момин Поток, како и подобрување на животните услови на граѓаните од населбата Злокуќани. Во конструктивна атмосфера беа разменети позитивни искуства за соработка и добри практики од другите општини од Македонија. Градоначалникот Сотир Лукровски посочи дека Општина Карпош и понатаму ќе соработува со надлежните институции и релевантните фактори, во насока на изнаоѓање на соодветни решенија со кои ќе се надминат постоечките проблеми на ромското население во оваа локална самоуправа.