УДАРНО ГРАДЕЖНО ЛЕТО ВО БАРДОВЦИ
- јули 7, 2025
- 0
Денеска, на увид во градежните работи во месната заедница Бардовци, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги образложи веќе постоечките градежни зафати, со кои се решаваат комуналните проблеми на граѓаните, но и најави нови инфраструктурни проекти, кои ќе бидат инвестирани во ова населено место. -Во населеното место Бардовци,досега извршивме реконструкција на повеќе краци од повеќе улици, . Направена е реконструкција на улица „6“, крак 1, 2 и 3, во вредност од 1 .566.000 денари. Исто така извршена е реконструкција на улица „14“, крак 4, во вредност од 561.000 денари, понатаму извршена е реконструкција на улица „10“, крак 1, 2 и 3, во вредност од 418.000 денари и извршена е реконструкција на улица „2“, во вредност од 3.671.000 денари, нагласи Јакимовски. Градоначалникот на Карпош, ги нагласи тековните градежни активности, кои како градежна офанзива ќе бидат во фокусот ова лето: – Во моментов, работиме на изградба на фекална и атмосферска канализација, на новопроектирана улица „Е“ и дел од новопроектирана улица „З“. Вредноста на овие градежни зафати што ги изведуваме е 11.098.000 денари. Изградба на дел од новопроектирана улица „Е“, и дел од новопроектирана улица „З“, во должина од 225 метри, и должина на улица „3“, во должина од 360 метри, со вкупна вредност од 21.670.000 денари. Исто така, активна е изградбата на улична мрежа за дел од новопроектирана улица „6“ во месната заедница Бардовци, во должина од 295 метри,а вредноста на договорот е 6.000.991 денар и изградба на фекална канализација во должина од 176 метри. Вредноста на овој проект е 1.653.000 денари, додека изведувач е фирмата „Нексис“.Во моментов се врши реконструкција на пристапни улици на крак 1 и крак 2 ,на улица „14“, и крак 1 на улица „6“ . За овие улици се издвоени уште 1.000.000 денари, потенцираше Јакимовски. Првиот човек на Карпош, најави и нови градежни инвестиции со кои ќе се заокружи комуналната инфраструктура во населбата Бардовци. -Градиме фекална канализација на улица „1687“ во вредност од 3.900.000.Новопланирана секундарна улична мрежа на истата улица, во вредност од 11.799.000 денари, и новопроектирана секундарна улична мрежа во вредност од дел на улица „К“, во должина од 1000 метри, во вредност од 35.000 милиони денари. Изградба на инфраструктурни објекти , на улица „5“, „6“,„ 7“ кои се предвидени во блок 2 и 3 во Бардовци, и асфалтирање од 41.172.000 денари. Изградба на инфраструтурни објекти на новопланирана улица 5,6 и 7 , фаза водовод и канализација , во вредност од 22.063.000 денари. Сето ова, го правиме , за да ги решиме децениските проблеми на Бардовчани, и ова населено место да има еднаква фекална, атмосферска, комунална и патна инфраструктура како другите населени места во нашата Општина, нагласи Јакимовски. Тој истакна дека до сега, со вложените средства и планираните идни финансии обезбедени од донации, но и од буџетот на Општината, во Бардовци ќе бидат инвестирани околу 2 милиони евра, за подобрување и стандардизирање на патната мрежа,како и изградба на фекална и атмосферска канализација.