Вечерва, на втората вечер од „Културно лето Карпош 2023“ на платото на Млечен, ќе настапат македонскиот состав „Тумбао Салса Бенд“ со почеток од 19:30 часот. Карпошани ќе имаат можност да заиграат на добро познатиот ритам кој е воден од традиционална кубанска салса музика, бразилска самба и латино џез музика со примеси и на традиционалната македонска музика. Повелете заедно да ги слушаме „Тумбао Салса Бенд“.