Вчеравечер, во организација на Општина Карпош по повод одбележување на 48 годишнината од формирањето на локалната самоуправа во амфитеатарот на Универзитетот Скопје се одржа трибина за машкото здравје. На настанот говореше д-р. Владимир Зориќ специјалист по семејна медицина. Фокусот на трибината беше насочен кон образложување на практични совети за унапредување на здравјето со постојана грижа и одговорност. Во таа насока д-р Зориќ потсети дека клучен фактор за одржување на машкото здравје и успешна превенција од болести какви што се рак на простата и рак на тестиси е навремената дијагностика која воедно го зголемува процентот на излекување. Според него околу 10% од населението во Македонија има дијабет, а оттука кај тие лица постои зголемен ризик да добијат кардиоваскуларно заболување.