ТРИБИНА ЗА ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ
- октомври 24, 2024
- 0
Во рамки на „Денови на Општина Карпош“ по повод 48 години од формирањето на локалната самоуправа, вечерва, во амфитеатарот на УТМС, во 19 часот, ќе се одржи “Трибина за женско здравје“ со д-р Катерина Станкова Нинова. На трибината ќе се презентираат стручни совети за женското здравје за сите генерации. Овој настан е дел од планираните активности од Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2024 година.