ТОЧНИ ПОДАТОЦИ И ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДУВАЊЕТО
- ноември 15, 2019
- 0
САМИТ МАКЕДОНИЈА 2025
Само со прецизни податоци може да креираме квалитетни политики за справување со загадувањето, на локално, регионално и европско ниво. Беше еден од заклучоците на денешната панел дисксусија: „Иновации и нивното влијание врз животната средина \ Загадување на воздухот: ниво на јавни политики“, во рамки на Самитот Македонија 2025.
Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев имаше можност да учествува на оваа панел дискусија, на која се обратија повеќе претставници од институции, граѓанското општество и експерти кои работат во сферата на заштита на животната средина.
Интензивираните инскекциски контроли, соработката со МВР, како и субвенционирањето на еколошки начини на затоплување се меѓу мерките кои се користат и на меѓународно ниво, со цел да се намали аерозагадувањето.
Очигледно е дека нашата држава дели слични проблеми со земјите од регионот. Па, така, Јасминка Јанг, од RES фондација од Србија напомена дека и они се соочени со огнови на отворено, палење на стрништа и депонии.
Јанг истакна дека важно е да се креира строга законска регулатива, која институциите доследно ќе ја применуваат во секојдневието и на тој начин ќе се променат навиките.
На денешната панел дискусија говореа: Јонас Коивисто, вонреден истражувач на универзитетот во Хелсинки, Јасминка Јанг, RES фондација, Србија, Михаил Матески, генерален менаџер на Greentech, Најџел Јоландс, заменик директор, раководител на одделот за производствена политика во секторот за енергетска ефикасност и климатски промени и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање.
Исто така, беше заклучено дека за проблемот со загадувањето потребно е делување на секое министерство, општина, организација и поединец. Сите имаме одредена надлежност, но и одговорност за да ја заштитиме околината во која ние живееме.