ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОФ. Д-Р ЧЕПРЕГАНОВ

На 17.01.2020 година (петок), од 13:30 часот, во салата за кино проекции на Кинотека на Македонија, ул. „Никола Русински“ бр.1 (спроти гимназијата „Никола Карев“) ќе се одржи предавање на тема: „Стрес – моќта на човечкиот деструктивен нагон“, од страна на Проф. д – р  Методи Чепреганов, невропсихијатар – епилептолог.

 

Ги повикуваме сите заинтересирани, млади и повозрасни граѓани да бидат дел од предавањето на оваа актуелна тема. На него, професорот Чепреганов ќе се осврне на причините – генератори на стресот, актуелни случувања во општествено – политичкиот живот и нивното влијание врз сите чинители во заедницата.

 

Професорот е почесен граѓанин на Општина Карпош, автор на 40 монографии, за мозокот, неговите функции и заболувања, од кои пет се објавени на француски јазик, една на бугарски јазик и другите на македонски јазик.