На втората вечер(19.09.2023) која ќе се одржи на плоштадот Делфина како продолжение  од „Културно Лето Карпош 2023“ во 19 часот сцената ќе биде резервирана за стенд-ап изведбата од актерот Сашо Тасевски. Македонскиот артист секогаш  без „влакна на јазикот“ ја придобива публиката, што ќе биде само уште една причина за убав помин на традиционалната културна манифестација во организација на Општина Карпош. Исто така, денеска, од 20 часот карпошани ќе можат да уживаат со легендарниот Силви Бенд, чија музичка бајка трае повеќе од 30 години и како дуо се препознатливи кај љубителите на добрата песна.