СТАРТУВАШЕ СЕЗОНАТА НА ПРОДАЖБА НА ЗЕЛКИ ВО БАРДОВЦИ
- ноември 4, 2020
- 0
Денеска започна традиоционалниот пазар на зелки кој ќе трае еден месец. Општина Карпош на мештаните- земјоделци од населбата Бардовци и Злокуќани и оваа година ќе им даде бесплатно времено користење тезги и ќе го организира есенскиот пазар за продажба на зелки.
Ова населено место во Општина Карпош е надалеку прочуено по производство и пласман на овој вид зеленчукова култура, и токму во овој период, кога зелката е стасана како готов производ, локалната самоуправа им излегува во пресрет на земјоделците и на еден хигиенски, поорганизиран начин го уредува просторот на кој се наоѓа пазарот за зелки.
Времениот пазар е поставен на улицата „ Скупи“. Општината сето ова го прави без паричен надоместок, сé со цел да се поттикне локалната микро трговија и земјоделско производство.