СТАРТУВАШЕ ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СПОРТСКИТЕ УЧИЛИШНИ ИГРИ ПРИ ОПШТИНА КАРПОШ
- март 3, 2026
- 0
Со силен натпреварувачки дух и спортска енергија, денеска започна пролетниот дел од училишните спортски лиги во Општина Карпош. Во претстојниот период, спортските терени и сали ќе бидат исполнети со динамични натпревари за учениците од основните училишта – момчињата ќе се натпреваруваат во фудбал и кошарка, а девојчињата во одбојка.
Пролетниот дел носи нов натпреварувачки ритам, па останува да видиме дали есенските прваци ќе успеат да ги задржат своите лидерски позиции или пак ќе се појават нови спортски изненадувања до крајот од овогодишните општински училишни игри. Повторно се очекуваат натпревари исполнети со квалитет, неизвесност и спортска страст, каде учениците од карпошовите основни училишта ќе ја покажат својата борбеност и тимски дух.
Оваа манифестација, организирана од Одделението за спорт и култура при Општина Карпош, со повеќегодишен континуитет ги обединува десетте основни училишта од општината, со што нашата општина уште еднаш ја потврдува својата заложба за промоција на спортот и здравите навики кај младите.









