Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два наврати.

 

Oд утринава, на терен, интензивно се работи со соодветна тешка механизација, (гасеничари, камиони и сл.) а во акцијата ќе се вклучат и комуналните служби на општината.

 

Исто така, од 16:00 часот, на овој дел ќе дежураат двајца комунални редари на локалната самоуправа.

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се обрати и до СВР Скопје, со барање за зголемени полициски патроли на овој предел и за дежурства во текот на викендот и претстојните денови.

 

Општина Карпош, изминативе три години континуирано работи на чистење на депониите. Затворена е децениската депонија кај хотелот „Александар Палас”, во Злокуќани (кај фудбалското игралиште), како и во Бардовци (долж Лепенец).

Исто така, целосно се исчисти и се израмни теренот кај мостот „Газела”, кој прераснува во нов парк.

 

Борбата за почиста животна средина е борба на сите нас.