СООПШТЕНИЕ
- април 30, 2025
- 0
Градоначалникот Стевчо Јакимовски одржа состанок со раководителите на сектори во Општина Карпош на кој беше презентиран извештајот од екстерната проверка на системот за менаџмент со квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа во рамки на стандарадите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISО 45001:2018.
Извештајот го презентираше менаџерот за квалитет во Општина Карпош Љупка Трајчевска, по што градоначалникот ги задолжи сите раководители во најкус можен рок да ги имплементираат насоките и забелешките на проверувачите со цел да се подобрат услугите што се даваат на граѓаните.