СОВЕТОТ ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ТРЕТИОТ КВАРТАЛ
- октомври 14, 2025
- 0
Во просториите на административната зграда на Општина Карпош, се одржа 75-тата седница на Советот, каде се разгледуваа две точки од денешниот дневен ред. Во рамки на седницата беше изгласана точката за која беше детално образложен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на локалната самоуправа за третиот квартал за 2025 година. Во овој финансиски извештај се прикажани вкупните приходи на Општината кои се планирани во Буџетот за 2025 година во износ од 1.853.654.953 денари, при што реализираните приходи за третиот квартал изнесуваат 1.105.614.741 денари. Притоа, во општинскиот Буџет се планирани приходите во висина од 1.059.141.953 денари, додека пак е остварена реализација на приходите за третиот квартал во износ од 558.144.465 денари.
Поддршка доби и Извештајот за работата на Советот на Општина Карпош за период 2021-2025 година. Според Извештајот, во четиригодишниот мандат Советот заседавал 73 пати, биле издадени 63 службени гласници и биле усвоени вкупно 1332 акти.