Комуналните служби на Општина Карпош продолжуваат со секојдневните активности за миење и дезинфекција на локалните улици. Денеска, со цистерните се миеја сервисните сообраќајници во УЗ „Владо Тасевски“ (Млечен). Овие цистерни ќе продолжат со миење и во текот на викендот, но и претстојниот период.

 

Цистерните користат и посебно средство за дезинфекција на јавни површини.

 

Локалната самоуправа ја набави оваа механизација со цел да овозможи почисти јавни површини, улици, тротоари и платоа. Истата е овозможена преку грант за успешност од Светска банка (преку Министерство за финансии), а во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги.

 

Цистерните се набавија уште пред прогласувањето на пандемијата од коронавирус, затоа што беа дел од планот на Општината за подигнување на јавната хигиена во сите населби.