„Со   почетокот на новата  учебна година, ние како локална самоуправа се грижиме за безбедноста на  учениците од секој аспект. Како новина, воведовме одговорни лица , вработени во училиштата од ненаставниот кадар, кои ќе се грижат за безбедноста на учениците пред почетокот на наставата, за време на големиот одмор, и по завршувањето на часовите. Во однос на безбедноста на храната,  се грижиме тоа да е по сите предвидени  стандарди  за здрава исхрана со правилник од Министерството за образование и наука, и еве денеска со министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, ќе ја опфатиме сајбер безбедноста како еден нов битен сегмент од ерата на дигитализацијата“ .

 

Ова   денеска, во  ООУ „ Петар Поп Арсов“, го истакна градоначалникот на Општина Карпош   Стефан Богоев, по повод предавањето на темата за  сајбер безбедност во дигиталниот свет. Заедно  со министерот Манчевски присуствуваа на предавање од стручно лице од Министерството за    внатрешни работи токму на оваа тема.

 

–                    Во   понапредните технолошки пронајдоци, се соочуваме со  повеќе и низа на предизвици. Точно дека интернет револуцијата ни донесе предност во комуникациите, но исто таа крие и свои специфични опасности. Сајбер булингот е  веќе третирана  интернет опасност, во која повеќе од 40 % од младите на светско ниво, биле т.н „ жртви “ на сајбер булинг. Истото ова  интернет- насилство, многу често преминува и во реално физичко насилство, и за   истото,  на светско ниво веќе се превенира, нагласи Манчевски .

 

 

Првиот човек на  министерството  за  информатичко општество,  потенцираше дека  има  за цел преку една кампања да спроведе  предавања кои ќе   ја опфаќаат оваа тема , и   преку  неа    наставниците, родителите и самите ученици да бидат запознати со оваа проблематика.  Манчевски  истакна дека  денеска  е  одбрано ова   училиште, бидејќи  истото неколку пати во минатото , токму на оваа тема организирало стручни предавања и темата околу превенција од сајбер насилство и сајбер булинг има големо значење во оваа образовна установа.