Во рамки на реконструкцијата на спортскиот објект ,,Наум Наумовски Борче’’, познат како ,,Партизан’’, изминатиот период се поставуваше ново лед осветлување. Од целосниот простор, употребени се 300 метри траса за поставување на кабел, на 12 столба на кои се монтирани 14 лед штедливи светилки од 35 вати.
Во наредната фаза се очекува овој простор да биде облагороден со хортикултурно уредување и систем за наводнување.