Општина Карпош го реновираше детското инклузивно игралиште кое се наоѓа во рамки на плоштадот Делфина, откако истото беше цел на вандали и речиси целото беше демолирано од страна на несовесни граѓани. Во таа насока, локалната самоуправа постави нова подлога која е безбедна за користење, како и нови современи реквизити (освен централниот реквизит кој сè уште е во добра состојба) и други забавни содржини за најмладите карпошани. Во оваа пригода повторно апелираме до сите граѓани да се однесуваат совесно и разумно да ги користат реквизитите, бидејќи пред сè станува збор за инклузивно игралиште на кое се рекреираат и децата со попреченост.