Со цел, унапредување на образовниот процес и создавање инклузивна и психолошки стабилна училишна средина, во Општина Карпош се одржа втората психо-едукативна работилница за наставниот кадар од основните училишта.

Денешната стручна обука ја реализираа д-р Верица Малинкова-Димовска, специјалист по психијатрија и дефектологот м-р Бољетин Зенуни од приватната болница „Аџибадем Систина“. Нивното предавање на работилницата претставуваше можност за размена на искуства и знаења, со цел унапредување на практиките во областа на менталното здравје. Работилницата опфати современи педагошки пристапи, интерактивни методи и практични примери за развивање стратегии за справување со предизвици во наставниот процес.

Едукативната средба ја проследија наставници и стручни служби од ООУ „Јан Амос Коменски“, ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“.

Третата и завршна психо-едукативна работилница ќе се одржи следната недела и исто така ќе биде посветена на конкретните стратегии за имплементација на стекнатото знаење во секојдневната наставна практика.