Во кабинетот на градоначалникот Сотир Лукровски, денеска, се одржа работна средба со Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, Саит Саити. На состанокот се дискутираше за досегашните активности на Црвен крст Карпош и Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, како и за долгогодишната  соработка и многубројните реализирани проекти.

                Неколку години наназад во Карпош се спроведува социјална услуга, помош и нега на домот со која се опфатени стари и изнемоштени лица, жители на општина Карпош. Имено, втора година по ред локалната самоуправа во координација со Црвениот крст, ја реализира активноста посебен превоз за стари и лица со попреченост.  Долгогодишната соработка со Црвен крст беше од големо значење за жители од Карпош особено за време на корона пандемијата, како и помошта со храна на оние на кои им е најпотребна.

                Во  текот на наредниот период се очекува да се потпише Меморандум за соработка помеѓу Општина Карпош и Црвениот крст на РСМ.